Ве предизвикуваме да ја решите оваа популарна загатка.
Имате 17 минути за да стигнете до решението, а вашата цел е да пренесете четири лица преку мост. Ако не го направите тоа во зададениот момент ќе ве стигнат зомбија. Но, постојат две работи кои што морате да ги имате на ум…
Да видиме за што се работи. Вие, заедно со професорот, асистентката и чистачот, мора да преминете преку мостот со цел да ги избегнете застрашувачките зомби кои доаѓаат да ве убијат.
Вие сте најбрзи од сите, па токму затоа и ќе ви биде потребна само 1 минута за да поминете. На асистентката ќе ѝ требаат 2 минути, на чистачот 5, додека пак, на професорот 10. Зомбите ќе пристигнат за 17 минути, па токму затоа вие до тогаш мора да преминете на другата страна со цел да го пресечете мостот. Имајте на ум дека само 2-ца можат во исто време да се движат по мостот, од кои 1 од нив мора да го носи единствениот фенер кој го имате. Па, како ќе успеете сите да поминете за помалку од 17 минути?
…
Ако не успеавте, погледнете го видеото.