Како “мозоците“ ги фаќаат згодните девојки

geeks_intro.jpg “Види го бе шо има фатено“, “Е добро, има очи оваа?“ и слични на овие фрази секојдневно ги слушаме, а понекогаш и самите ние ги изговараме. Еве всушност на што наседнуваат женските кај ваквите момчиња.

“Види го бе шо има фатено“, “Е добро, има очи оваа?“ и слични на овие фрази секојдневно ги слушаме, а понекогаш и самите ние ги изговараме. Еве всушност на што наседнуваат женските кај ваквите момчиња: 

mclovin.jpg

 


Причина број 1: Мозоците заработуваат повеќе од останатите

Доколку го земеме во предвид фактот дека за секоја женска “сите мажи се исти“, тогаш остануваат парите, па природно е да се одбере поголемото. Проста математика со неколку прости примери: Steve Jobs , Kevin Rose , Trey Parker и  Mark Stone од South Park

Причина број 2: Попаметни се!
Можеби немаат физички и естетски предности како останатите, но имаат дипломи почнувајќи од литература, па се до нуклеарна физика. Има и такви момчиња кои од оправдани причини не успеале да ја добијат дипломата (Bill Gates), но тоа не значи дека не се способни да отворат дискусија во која нема да бидат споменати нивните пари, колата и некој спортски натпревар.

Прочитајте и:  Како мозокот управува со нашето тело е едно од најфасцинантните прашања во медицината

Причина број 3: Обрнуваат внимание
Најчесто машките на состаноци не можат да извршуваат повеќе операции . Најчесто или се сконцентрирани на деколтето, или слушаат. Не дека мозоците не ги интересира што се крие зад маичката, но имаат способност да ги извршуваат и двете операции во исто време.
Со самото тоа што тој вид на момчиња се интересира за се она што се случува во науката, тие стекнуваат навика да запаметуваат родендени и слични дати, на кои што нормално, најголемиот дел од девојките паѓа.  

Причина број 4: Знаат да бидат од помош
Пропуштена епизода од серијата, проблем со компјутерот, интернет конекција… Не е проблем, тој е секогаш спремен да download-ира, да отштрафи куќиште, да обезбеди квалитетен интернет (промоција на интернет е приоритет кај многумина)…

Причина број 5: Знаат што да подарат
Свесни дека дијамантите и бисерите во денешно време веќе го губат сјајот, знаат како да ја направат девојката повторно среќна. Доволен е еден I-Phone , Smartfhone или IConnect перница и таа е ваша!

- Реклама -