Како Москва го чисти снегот (видео)

Русија има три нешта во изобилство: нафта, гас и снег.

Околу ова третово убаво си кажува репортеров на BBC: „Со ваква количина снег“, вели додека стои среде солидна снежна вејавица, кај нас (ние зборуваме за Македонија, тој за Британија) би настанало вистински хаос.

Но не и во Москва. Евидентно и во видеото, таму сообраќајот и нештата продолжуваат некако да течат, навидум дури и без проблеми.

Како им успева? Делумно, затоа што имаат нешто што го викаат „златни раце“. Ќе ви стане појасно некаде од 0:26 во видеото. Од нас ќе добиете само спојлер: на крајот снегот не е на улиците, туку заедно со отпадните води (откако сé тоа ќе биде исфилтрирано) завршува во реката Москва.

- Реклама -