Астролозите веруваат дека Месечината и нејзиниот премин во Хороскопските знаци влијаат на психоемоционалната состојба, здравјето и енергија на човекот.
Во оваа статија ние ќе го разгледаме влијанието на Месечината врз сексуалните односи помеѓу партнерите. Жените се повеќе подложни на ова влијание, а нивните желби се засилуваат во периодот околу полната месечина, тврдар астролозите.
Особености на Месечината – влијание врз мажите и жените
Сексуалните желби се управувани од потсвеста, па затоа човек не може секогаш да ги контролира. Сите сме забележале дека во одредени денови либидото ни расте, а емоциите се засилуваат без интервенција на надворешните фактори.
Понекогаш пак се случува спротивното – вие во романтичен амбиент со саканиот маж или жена, а атмосферата е студена и дури конфликтна, притоа без особена причина.
Неврзаните луѓе кои бараат постојан партнер, се многу подложни на влијанието на Месечината. Хормоналните бури и сексуалната енергија ги туркаат кон контакти со спротивниот пол, водејќи до следниот љубовен занес и последно разочарување.
Влијанието на Месечината врз првиот сексуален контакт
Ајде прво ги разгледаме оние Месечеви денови кои не се поволни за прв сексуален контакт со партнерот, ако сте во потрага во постојана врска. 9, 13, 15, 19, 25 и 29-ти во месецот и деновите на полната месечина се периоди на испад на сексуална енергија која може да има разурнувачка сила и да ја премине од корен можноста за изградба на стабилни односи со партнерот. Во овие денови човекот се води од инстинкти кои го туркаат кон избезумени акции.
На пример, можете да се согласите да имате секс со партнер или со човек кој нема морални принципи и не сака да гради сериозна врска … Во такви денови воздржете се од сексуални контакти со новиот партнер, прво погледнете го неговото вистинско лице и оценете ги неговите приоритети .
Поволни денови за започнување на сексуален однос со нов партнер се 4, 7, 10, 11, 17, 21 и 24. Во овој период емоционалната состојба ќе биде стабилна. Ќе можете да го процените трезвено човекот и личните квалитети, без да се водите само по сексапилот.
Месечината влијае врз љубовните односи
Да го погледнеме влијанието на Месечината врз брачните односи и интимниот живот. Биоритмите на жената се разликуваат од оние на мажот, што се одразува директно како на либидото и возбудата, така и на физичката активност. Честа причина за проблеми во врската се разликите меѓу машката сексуална активност и чувството за активност на жената.
Пример партнерката може да остане незадоволна од времетраењето на актот, а партнерот да се иритира од тоа што жената не е подготвена веднаш да реагира на неговите страсни нагони. Ајде прво да видиме кои се периодите кога сексуалниот тонус на мажот е ослабен поради влијанието на Месечината. Ова се случува во последните денови на месецот – 29 и 30 и во почетокот на истиот – 1 и 2.
На ден пред полната месечина организмот на мажот доживува слабост, физичката активност …Во овие денови жената не треба да очекува чуда од партнерот и да инсистира чинот да е подолг.
Мажите пак во овој период треба да се воздржат од алкохол и енергетски пијалоци, бидејќи тие можат да се одразат негативно на потенцијалот. Ако научите како влијае Месечината на организмот, ќе можете да ја користите правилно сексуалната енергија и да одржите хармонијата во интимната врска.
Секој човек си има свој биолошки ритам, кој влијае непосредно на сексуалноста . Ако го запознаете својот ритам, ќе можете да ги хармонизирате интимните односи со партнерот, барем така тврдат астролозите.