Како мамеше Реал (против Волфсбург)

Во конспираси теорија поголема и од таа дека Земјата е рамна, некои каталонски медиуми наводно известуваат дека во пресрет на реваншот со Волфсбург, Реал Мадрид се послужил со прљав трик кој им помогна да го надоместат заостанувањето од првиот меч.

На социјалните мрежи се појави фотографијава, за која рандом фацки тврдат дека е од корнер знаменцето на стадионот Сантиаго Бернабе и докажува дека теренот бил проширен.

v213743[1]

Некои стварно се позамараа да одговорат како поголем терен би му донел предност на Реал, а најприфатливиот одговор е дека очекувале дека гостите од Германија ќе се бранат за да го одбранат резултатот. А одбраната е потешка на поголем терен, нели?

Фил Китромилидес од пи-ар службата на Реал, ги отфрли чаршиските муабети и рече дека се измислени. Нормално дека ќе рече дека се измислени, затоа што 102.3 посто се заебанција. А вие како сакате; сакате смејте се, сакате истражувајте.

- Реклама -