Како лакот за нокти да ви трае што подолго?

Колку често ви се случува да нанесете лак за нокти и во многу краток рок да забележите дека е веќе оштетен на некои места. Што правите во ваквите ситуации? Го отстранувате лакот целосно или само ги „поправате“ оштетените места?

Еве неколку совети со кои ќе го продолжите траењето на вашиот лак за нокти…

Ноктите мораат да бидат чисти

При нанесувањето на лакот, секогаш внимавајте ноктите да ви бидат чисти, суви и исполирани. Тогаш лакот подобро ќе ја прифати површината на ноктите и со самото тоа подолго ќе трае.

2a795259a050a11bd99e8045166654f6

Внимателно со кремите за раце

Кремата за раце е една од главните причини за тоа зошто лакот за нокти се лушти и порано отпаѓа. Од неа оставате тенок слој на ноктите па лакот не може да продре до ноктот. Притоа, пред нанесувањето на безбојниот лак, кој е добар избор доколку сакате да постигнете поголема трајност, поминете ги ноктите со памук и ацетон за да би ги отстраниле трагите од кремата за раце. После нанесувањето на безбојниот лак, почекајте три-четири минути пред нанесувањето на главната нијанса за која сте се одлучиле.

Не ги грицкајте ноктите

Дали е во прашање нервоза, навика или едноставно начинот на кој вие ги „уредувате“ ноктите, со секое загризување отргнувате дел од бојата.

65289d71de875c41a13488576ad2ac8f

Држете се до посветли нијанси

Доколку бирате потемни нијанси на лак, секое најмало оштетување ќе биде поистакнато отколку кога сте налакирани со посветли нијанси. Според тоа, доколку сакате вашиот лак за нокти да трае што подолго, практикувајте почесто посветли нијанси.

- Реклама -