По катастрофалниот разорен скопски земјотрес од 1963-та година, обновата на Скопје се одвивала во добар дел во согласност со големиот план на архитектот Кензо Танге, кој бил спроведуван од наши архитекти. Меѓутоа, планот во тоа време се сметал за контроверзен, особено што кога станувало збор за плановите, архитектите работеле со државата наместо со луѓето, пишува МК News. Учеството на јавноста било ограничено, а граѓаните смееле само да го видат моделот на новиот град кој веќе бил испланиран.
На крајот, планот бил само делумно спроведен, но и без тоа до 1980-та година изникнал новиот град кој речиси и не покажувал последици од земјотрес. Од друга страна, ако се спроведела замислата на Кензо Танге во целост, Скопје веројатно ќе изгледал слично на ова: