Како ќе изгледаат децата ако се вратат болестите што се искоренети со вакцини (галерија)

Благодарение на вакцините, речиси во целост се елиминирани најголем дел од најопасните заразни болести од минатото, како кај постарите лица, така и кај оние најмладите. Сепак, последниве години сме сведоци на разни теории кои поттикнуваат отпор кон вакцините и ги претставуваат како ништо повеќе од завера оркестрирана од фармацевтските компании.

Со оглед дека сé повеќе родители, заблудени од разни теории на луѓе кои немаат стручни познавања во полето, одбиваат да ги вакцинираат децата, полскиот портал NOIZZ ја контактирал мејк-ап артистката Dorota Spaczyńska Pilorz (на Инстаграм позната како dorotas_freaks) со цел да демонстрираат, со помош на шминка, како децата би изгледале кога би се вратиле болестите искоренети со вакцините. Резултатот се покажа мошне ефективен, од аспект што глетката е мошне впечатлива и предизвикува активна дискусија.

Хепатитис Б 

Hepatitis B е една од најопасните заразни болести која ги погодува луѓето. Се манифестира со губење на апетитот, повраќање, жолтица (пожолтување на кожата и белката на очите), а во екстремни случаи може и да доведе до смрт. Според податоците на СЗО, 887.000 умираат секоја година поради компликации од хепатитис Б. Во последните децении, позитивниот импакт од вакцинацијата го намали бројот на случаи.

Морбили

Морбили (мала сипаница) е вирусна заразна болест која може да доведе до сериозни компликации, па дури и смрт. Се карактеризира со кашлица и карактеристичен осип. Според ECDC (Европскиот центар за контрола и превенција на болести), во 2017-та во Европа биле регистрирани 14.451 случаи, што е тројно повеќе во споредба со 2016-та.

Туберкулоза

Туберкулозата е инфективна болест која се појавила пред многу декади и често била фатална. Денес во многу земји новороденчињата се вакцинираат уште на првиод ден од животот. Туберкулозата се манифестира со долготрајна кашлица, болки во градите и хемоптиза (искашлување на крв).

За крај, препорачуваме да ги прочитате и следниве статии:

• КАКО СЕ РОДИ МИТОТ ЗА АУТИЗМОТ И ВАКЦИНИТЕ

ЗА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША И ТРАЈНИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ВАКЦИНАЦИЈАТА

ВАКЦИНАЦИЈА И ИМУНИТЕТОТ НА СТАДОТО: ЕВЕ КАКО РАБОТАТ

па и ова:

ДИЛЕРОТ ШТО КИДНАПИРАШЕ СЕСТРИ ЗА ДА МУ ГО ВАКЦИНИРААТ КОМШИЛУКОТ

 

- Реклама -