Многу од Американците се попалија кога Трамп вети дека ќе изгради ѕид меѓу САД и Мексико за да ги спречи мексиканските имигранти. Во реалноста, тешко дека тоа ќе се оствари. Уште тогаш Бил Бур (американски стенд-ап комичар) зборуваше (парафразираме): А бе луѓе, сте го возеле ли вие некогаш патот? Знаете ли колку е долг? Додека да го завршиме тој ѕид, ние ќе бидеме тие што ќе сакаме да се прекачиме во Мексико“.
Тоа што Бил Бур го зборува веднаш се гледа кога ќе го поставите замислениот ѕид врз картата на Европа. Замислете Европа да почне да гради ваков ѕид. Што мислите, кога ќе го заврши?
Не само што изгледа апсурдно голем, туку се коси и со тоа што го знаеме од историјата.
Со должина од 1.900 милји (околу 3.060 километри), границата меѓу САД и Мексико е 10-тата најдолга граница во светот, веднаш зад политичката граница меѓу Индија и Кина. Најдолга граница во светот, патем, е таа меѓу САД и Канада – 5.525 милји.
Наводно, досега ѕид постои на 700 милји од овие вкупно 1.900 на границата меѓу САД и Мексико, што значи дека остануваат уште 1.200 милји за изградба – што е скоро дупло од тоа што веќе постои.
Дури и најславните ѕидови во историјата не биле градени од крај до крај. Кинескиот ѕид, на пример, изграден меѓу Кина и Монголија за да ги спречи нападите од монголските племиња, е четвртиот најголем ѕид во светот, а сепак е изграден само на стратешки точки.
На крајот, модерните градежни материјали и укинувањето на ропството го прават ветувањето на Трамп уште посмешно. Една кинеска максима гласи вака: Зошто Кинескиот ѕид е толку висок? Бидејќи е изграден врз коските на робовите кои умреа градејќи го…
Во таа смисла, изградбата на граничен ѕид меѓу САД и Мексико е уште поневозможна. Освен ако Трамп не планира да го пороби Мексико и да ги искористи Мексиканците како робови (можеби на тоа мислел кога рече дека ќе го натера Мексико да плати за ѕидот), изградбата на ѕидот ќе чини мнооогу скапо, и ќе трае мноооогу долго. Подолго од мандатот/ите на Трамп, дефинитивно.