Како ќе изгледа престојот на Ел Чапо во најсуровиот американски затвор

Мексико планира да го екстрадира наркобаросот Хоакин “Ел Чапо” Гузман во САД, а кога ќе пристигне, тој може да се најде во единствениот федерален затвор со супервисок степен на безбедност – ADX во Флоренс, Колорадо.

ADX се смета за најсуровиот затвор во САД. Секој затвореник во ADX, кој е познат уште како “Алкатраз на Карпестите Планини,” поминува речиси 23 часа на ден во посебна ќелија, пишува New York Times.

Затворот е проектиран за “многу мала подгрупа затвореници, кои не го почитуваат на никаков начин човечкиот живот”, вели Норман Карлсон, поранешен директор на Федералното биро за затворите во САД. Во затворот има 406 затвореници, меѓу кои некои од најозлогласените криминалци во светот.

ekcapoo

Еве како изгледа секојдневието таму:

Затворениците ги минуваат деновите во ќелии со димензии 3,6 на 2,1 метри со ѕидови од масивен бетон и двокреветни лизгачки метални врати (затворениците не можат да се видат еден со друг).

Во ќелиите има по еден прозорец со димензии 90 см должина и само 10 см ширина, кој нуди исклучиво поглед кон небото. Секоја ќелија има мијалник, тоалет и туш, а затворениците спијат врз бетонски блокови со поставени тенки душеци врз нив. Повеќето ќелии исто така имаат телевизори (со вградено радио), а затворениците имаат пристап до книги и списанија како и до одредени уметнички материјали.

Затворениците имаат право на најмногу 10 часа вежбање неделно надвор од ќелиите, а истите вклучуваат самостојни посети во затворена “сала”.

supermaxflorencesupermax

Сите јадења се служат низ процепи во вратите на ќелиите, а на ист начин се остварува и секое дружење лице во лице (со надзорник, психолог, свештеник или имам).

Во извештај на Amnesty International стои дека затворениците во ADX “редовно поминуваат денови, во кои едвај изговараат само неколку зборови.”

“Тука нема ништо хумано”, вели поранешниот гувернер на затворот Роберт Худ. Тој исто така го опишува ADX како “домашна верзија на пеколот”.

Затворот е изграден за 60 милиони долари на површина од 600 акри, донирана од жителите на Колорадо. Тој е наследник на друг затвор со супервисок степен на безбедност во Марион, Илиноис, откако тој беше затворен по неколку убиства на чувари.

Вака изгледа стандардната ќелија во затворот. Надзорниците во ADX се толку сигурни во безбедноста на затворот што им овозможуваат на затворениците да ги фотографираат своите ќелии.

zatvor1

Затворениците поминуваат помеѓу 22 и 24 часа дневно во овие ќелии.

zatvor2

Вака изгледаат вратите во одделот со најопасните криминалци. Тие речиси немаат прозорци. Затворениците во оваа преграда вежбаат одделно и не комуницираат со никој друг, освен со стражарите.

zatvor3

Ќелиите тука имаат бетонски легла, кои се наоѓаат веднаш до тоалетот, како и мали прозорчиња.

zatvor4

Во ADX затворениците кои не се наоѓаат во одделот за најопасни криминалци имаат право на до 10 часа вежбање надвор од ќелијата во неделата. Дел од вежбите на отворено се вршат во овие ќелии.

zatvor5

Затворениците во најобезбедуваниот дел тренираат одделно во оваа сала.

zatvor6

Тие сепак можат да бидат лишени од вежби за период до 3 месеци за мали престапи. Еден од нив е да им даваат трошки на птиците.

zatvor7

Кога имаат посети, затворениците комуницираат преку телефон во стаклена преграда, а глуждовите може да им бидат оковани со лисици за време на разговорот.

- Реклама -