14
Студиите за врската помеѓу кафето и депресијата покажаа дека луѓето генерално имаат поблаги симптоми на депресија кога пијат кафе. Еве како тоа го објаснија научниците.
Кофеинот е стимуланс кој се наоѓа во храната и пијалоците како кафето, па може да ни даде енергија и чувство на возбуда. Токму затоа научниците решиле да ја истражат поврзаноста помеѓу кафето и депресијата, што покажало дека луѓето генерално имаат поблаги симптоми на депресија кога пијат кафе.
Бројни студии за ефектите на кафето врз телото открија и други позитивни придобивки, како што е намалување на ризикот од развој на рак или мозочен удар. Пиењето кафе може да го намали и ризикот од развој на деменција и Паркинсонова болест.
Заштитните соединенија присутни во зрната кафе, заедно со ефектите на кофеинот, можат да ги подобрат нашите ментални когнитивни способности и да ја намалат веројатноста за развој на Алцхајмерова болест.
Симптоми на депресија
Депресијата погодува милиони луѓе, а сериозноста на симптомите варира од личност до личност. Некои од најчестите симптоми вклучуваат губење на интерес за активностите во кои некогаш сте уживале, тешкотии со концентрирање и недостаток на енергија.
Се чини дека пиењето кафе им помага на луѓето на кои им е дијагностицирана депресија. Сепак, тоа не значи дека кафето треба да стане постојан дел од вашата исхрана. Иако има одредени здравствени придобивки од пиењето кафе, има и негативни страни од прекумерното консумирање кафе.
Прекумерно пиење кафе
Кофеинот стана незаменлив меѓу работниците и студентите кои бараат дополнителна енергија за да ги завршат своите задачи. Американската агенција за храна и лекови (ФДА) смета дека четири шолји кафе со обична големина се генерално безбедни.
Сепак, пиењето кафе може да предизвика несакани ефекти како што се немир, забрзано чукање на срцето и несоница.