Како Јапонците рушат облакодери

1681268-poster-lead-skyscraper-demolition[1]

Брзата и интензивна градежничка индустрија во големите градови често подразбира рушење на некои стари згради и објекти со цел да се ослободи простор за нови. Вообичаената техника на рушење е да ја удрите зградата со нешто тешко, или планирана детонација на стратешки поставен експлозив. Методот е ефективен, но често знае да скршне од планот, а е и големо арчење на материјали (отпадот од рушењето е неупотреблив).

Од тие причини, како и заради тоа што облакодерите во Токио наметнуваат потреба – заради височината и збиеноста, Јапонците мораа да изнајдат нови начини на демолиција, а тоа резултираше со нова техника која ги руши облакодерите бавно, кат по кат, додека истовремено генерира и струја.

Звучи по малку футуристички, но Taisei Corporation, која стои зад Ecological Reproduction System (Tecorep) – како што е наречена техниката, ја испроба уште во 2013 година, за елегантно да го сруши 140 метри високиот Гранд Хотел Акасака.

Пред да почне процесот, сé во внатрешноста на зградата се отстранува и се транспортира доле на земјата за да биде собрано или уништено. Во следната фаза, околу најгорниот кат се гради платформа каде работниците почнуваат да ја рушат зградата. Столбовите и катовите се отстрануваат, притоа користејќи ја речиси исклучиво зелената енергија што крановите ја генерираат, на принцип сличен на регенеративното кочење на автомобилите.. Во меѓувреме, покривот на зградата останува нечепнат сé додека и последниот кат не е демолиран, макар што тоа вклучува поставување на привремени потпорни столбови.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Овој метод ја намалува бучавата од рушењето за 23 децибели, а правот што е неизбежен при демолирање со експлозив – за 90%. Ваквиот начин на рушење веројатно ќе се наметне како прво решение, и покрај тоа што маана му е потребното време. Сепак, препорачлив е за сите згради високи над 100 метри, а особено кај тие што се близу до други згради.

- Реклама -