Како измамниците од старите гуми прават „нови“

Како што знае секој одговорен возач, гумите се потрошна роба и мора да се променат кога ќе им дојде времето, меѓутоа, одредени луѓе се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи за да заштедат или заработат пари, што е лудо во секоја смисла.

На интернет се појави видео од Финска, на кое што можеме да видиме како од истрошени настануваат „нови“ гуми со длабоки шари. Овој „мајстор“ ги исекол лентите од гумите и направил длабоки резби создавајќи ислузија на исправни гуми, кои на овој начин само дополнително се послаби и подложни на пукање.

544737_prevara2_ff

Иако во прописите на видеото се наведува дека оваа постапка е позната како “regrooving” и е извршена за исклучиво лична употреба без намера за продажба, не можеме доволно да нагласиме колку е опасно, а воедно и илегално.

- Реклама -