Како изгледаат вашите стапала? Прстите на нозете „говорат“ за потеклото и личноста

Авторот на книгата „Да ги прочитаме своите стапала“, Џејн Шинан, тврди дека повеќе од сите научни факти, за откривање на нашето потекло и личност, припаѓа токму на изгледот на стапалата.

Антрополошките студии се занимаваат со различни теми, со цел да го објаснат потеклото на луѓето и различни околности кои влијаеле на развојот на луѓето и културите. Меѓу нив има интересно истражување кое се занимава со докажување дека нашиот физички изглед и потекло можат да се објаснат од изгледот на стапалата, кои откриваат од каде дошле нашите предци.

Еве неколку факти на оваа тема:

1. Човековиот ген одредува неколку физички фактори како кожа, коса и боја на очите, обликот на телото, како и уште многу карактеристики како ќелавост и тенденција кон одредени болести.

2. Човековата морфологија зависи од генетски наследства (антропометрија, или метод на мерење на морфолошки карактеристики на човековото тело и неговите сегменти).

3. Постојат различни студии кои ги откриваат ендемските карактеристики на племето, семејството, како недостаток од отпечаток на прсти (адерматофлифија). На пример, поприличен број Баскијаци патат од овој недостаток.

4. Во предвид мора да се земе и помешаноста на потеклото, имајќи во предвид дека речиси сите можни етнички групации се мешале во изминативе 500 години. Многу мали, речиси незабележителен процент на луѓе се со „чисто“ генетско потекло.

poc2

Меѓутоа, авторот на книгата „Да прочитаме од своите стапала“, Џејн Шинан тврди дека од сите горе наведени факти, на откривање на нашето потекло влијае изгледот на нашите стапала.

– Се е во анализа на структурата и неврамнотеженоста на стапалата. Тоа нам ни помага да ги разбереме нашите емоции и личност, вели Шејн.

– Кога сте лути, како одите? Како одите кога сте среќни или депресивни? Секоја од овие емоции предизвикува различна врста на одење. Со време, ги гледате последиците од одењето на своите стапала, додава таа.

1. Подолг втор прст, од палецот

Означува лидерски способности. Владетелите од стариот Египет и кралската династија на Хаваите имале една заедничка физичка карактеристика. Втор подолг прст.

2. Искривен врв на третиот прст на нозете

Природен дар за  нечесност, како и склоност да се биде погрешно сфатени. Голем број на шпиони имале искривен врв на третиот ножен прст.

Минијатурен мал прст

Ја одржува детската природа, со многу развиено чувство за забава.

Втор ножен прст кој се навалува кон палецот

Означува сентиментална, носталгична природа.

1-Vodich-za-chitanje-od-stapala-www.kafepauza.mk_

 

- Реклама -