Како изгледаат костимите за капење на Викторијас Сикрет на обични жени?

Оваа освестувачка фото-сесија ги споредува моделите на Викторијас Сикрет со секојдневната жена. Снимањето било изведено на една плажа во Малибу, каде секоја од жените се обидела да ја рекреира позата и изледот од оригиналната Викторијас Сикрет фото-сесија.

Очигледно е, стратегијата на модните брендови е да ве намамат да ги купите нивните производи со тоа што ви создаваат илузија да мислите дека во нивната облека ќе изгледате како модел. Со еден збор, ви презентираат нереално совршени ментални слики (само мал дел од жените изгледаат како модел), и тоа по прилично скапа цена. Не подлегнувајте на таквите финти, и уште поважно, драги дами, не се чувствувајте лошо ако брендираниот костим за капење/долна облека не изгледа на вас како што изгледа на нивните реклами. Како што ќе рече една од учесничките во фото-сесијата: „Можеби не сме сите модели, но светот е писта за секоја од нас“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

real-women-wearing-victorias-secret-swinsuits-8[1]
Ова се моделите на Викторијас Сикрет, позирајќи во новата колекција на брендот.
real-women-wearing-victorias-secret-swinsuits-7[1]
Ова се истите костими, носени од обични жени.
1 2 3 5

4

- Реклама -