Легендарното актерско дуо од класикот „Back To The Future“, Кристофер Лојд и Мајкл Џеј Фокс објавија заедничка фотографија од хуманитарен настан, на огромна радост на нивните обожаватели.
И двајцата актери ги објавија фотографиите на социјалните мрежи, при што Лојд до фотографијата напиша „Одиме 88 милји на час за фондацијата Michael J. Fox Foundation Poker Night“, алудирајќи на брзината потребна да функционира временската машина од непопвторливиот авантуристички филм што ги прослави.
Двајцата играа на добротворниот турнир во покер на кој сите добивки беа донирани на фондацијата на Мајкл Џеј Фокс за истражување на Пaрkинсоновата бoлест.
Актерот ја основа фондацијата во 2000 година откако на 29 години во 1991 година му беше диjагностицирана оваа тeшка бoлест.
„Лојд“ и „Марти“ останаа блиски пријатели откако заврши снимањето на трите делови од франшизата Back To The Future што почна во 1985 година. Оригиналниот филм беше филм со најголема заработка во 1985 година и стана меѓународен феномен.