Историјата на легендарните мотори Harley Davidson започнува во 1903 година. Првиот модел е создаден од Вилијам Харли и браќата Дејвидсон кои го крштеваат мотоциклот по себе, користејќи ги семејните имиња. Родното место на првиот Harley е мал дрвен магацин, но тоа не трае долго. Откако тркачкиот мотор започнува да жнее успеси, по три години неговите творци се преселуваат во мала фабрика, каде што ја продолжуваат историјата на компанијата. Во 1920 година, Harley Davidson станува најголемиот производител на мотори во светот – само 17 години по создавањето на марката. Еве како изгледале првите мотори Harley: