Популарен меѓу Русите и Европјаните од источна Европа, Сочи е бисер на руската ривиера лоциран на Црното Море. Популарна дестинација бил и пред распадот на Советскиот Сојуз, а еден од тие што го посетиле во тоа време е и белгискиот фотограф Карл де Кејзер. Преку неговите фотографии денес можеме да видиме како тоа изгледало некаде кон крајот на 1980-тите.