Рускиот град Јакутск важи за најстуденото место во светот. Во ова видео ќе видите како жител на Јакутск демонстрира што се случува со храната на -50 степени Целзиусови, а потоа ќе видите и како изгледа животот во ова место каде се измерени најниските температури во светот.
Овој град е оддалечен околу 450 километри од поларниот круг, а околу 270.000 жители нормално функционираат на просечна температура од -40 степени. Но, и покрај овие, за нас екстремни температури, во Јакутск училиштата се затвораат само кога живата ќе се спушти на -52 степени.
Најниска измерена температура во овој сибирски град е -64 степени.
Жителите во најстудениот град се занимаваат со одгледување на зајаци, лисици и ирваси пред се’ поради нивната кожа, од кои се произведуваат палта, капи, чевли и друга облека.