Голем дел од актерите, сметаат дека една од најнепријатните сцени за време на снимање е сексот, но има и такви кои уживаат во овој процес.
Има актери што изјавиле дека воопшто не е пријатно додека лежиш на нечии гради и внимаваш да изгледаш совршено и да се сконцентрираш на улогата, некој во тоа време да ти го пудри задникот, или режисерот да ти кажува колку страствен треба да бидеш.
Сепак, екипата на филмот „Stretch“ (чија премиера е закажана за 14.октомври) ја овозможи приликата да видиме како изгледа снимањето на овие сцени.
Во конкретниот случај ги гледаме Бруклин Декер и Патрик Вилсон.