Иако зградата во Монако во која се наоѓа станот се уште не е изградена во потполност, скапоцениот пентхаус веќе го најде својот сопственик, кој во него ќе може да ужива дури во 2014 година.
Имено, познат арапски шеик го купи за неверојатни 305 милиони долари. Има прекрасна тераса, внатрешни и надворешни базени и поглед од милион долари.
Верувале или не, купецот направи одличен потег купувајќи го овој стан со оглед на тоа што уште сега неговата цена порасна на 350 милиони долари.
Се поставува прашањето, дали станот воопшто вреди толку?