Како изгледа моторот на Tesla после поминати 1.6 милион километри (ФОТО)

Американскиот производител на електрични автомобили – Tesla, се пофали на друштвените мрежи со беспрекорниот изглед на својот мотор дури и по поминати 1.6 милион километри.

Токму долговечноста, впрочем, е и една од причините што електричните автомобили се сé попопуларни на сметка на конвенционалните автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Поради начинот на развивање на моќта, на електро-моторите им се потребни далеку помалку подвижни делови, а не се неопходни ни степените на преност; со сето тоа значително се продолжува долговечноста на моторот и трансмисијата.

Tesla, инаку, имаа за цел да направат погон кој ќе може да помине 320.000 километри, но тестирањата покажаа, на радост на сите, дека и по значително поголема километража нема значителни последици по долговечноста и работата на моторот. Tesla тоа го покажа преку фотографиите од механичките делови на погонот и менувачот на нивниот Model 3, по, како што рековме, изминати 1.6 милион километри.

Од Tesla истакнуваат дека во последните месеци бележат и значителен напредок во развојот на компонентите за високо оптоварување, а погонските склопови од Model 3 ќе се најдат и во следниот производ на Tesla – електричниот шлепер Semi.

- Реклама -