Џенифер Лоренс е уште една од низата на ѕвезди која успеа да си дозволи дом на добро познатиот Беверли Хилс.
Имено, оскаровката купи куќа од Џесика Симпсон која ја платила неверојатни 7,9 милиони долари, додека Елен Дегенерис во оваа куќа живеела до 2001 година.
Куќата е изградена во 1991 година, само една година по раѓањето на популарната актерка, а истата се состои од пет спални соби, пет купатила, како и базен во дворот.