Како изгледа денес Сара од „дајте музика“

Сите се сеќаваме на  „Дајте музика“ , емисијата која одбележа многу детства. Силен печат оставија тогаш најпопуларните татко и ќерка, Стево и Сара Чепишевски.
Слаткото русокосо девојче ја пееше песната  „Зелката има кошули триста“ која стана огромен хит.

Малечката Сара, која после „Дајте музика“ се појави како водител на „Сител бамбини“ и на „Златна бубамара“ денес има 25 години. Таа е дипломиран дефектолог-логопед. Ангажирана е со дечиња со посебни потреби на кои им помага во секојдневните активности.

sara500

- Реклама -