Како изгледа денес најпознатиот пејзаж во светот?

„Bliss“ е името на фамозната компјутерска позадина на Windows XP, на која се наоѓа прекрасен пејзаж снимен во Сонома Каунти, Калифорнија, САД.

Фотографијата беше направена на 24 јуни 1996-та година, од страна на Чарлс О’Реар, поранешен фотограф на National Geographic. Според неговите зборови, таа не била воопшто доработувана на било каков начин.

Денес истото ова место го има променето својот изглед во целост. Имено, тоа е претворено во огромна нива со лозје, која ниту малку не потсетува на автентичниот пејсаж од пред 20 години.

windows-desktop-backround-now

- Реклама -