Во серијата Beverly Hills 90210 многу од нас и завидуваа на на Бренда за преубавиот дечко Дилан, и се восхитуваа на куќата во која што живееше Дона, но многу и завидуваа и на Андреа, која му беше многу симпатична на младиот Брендон.
Како изгледа денес?
Габриел Картерис која ја глумеше Андреа Зукермен, беше најстарата од сите актерки во оваа серија. Родена е на 2. јануари 1961 година во Аризона. Нејзиниот татко по потекло е Грк кој има ресторан. Таа сепак живеела во Сан Франциско, со својот брат и својата мајка, по разводот на нејзините родители. Се занимавала со балет, а дипломирала на слободни уметности.
Се омажила во 1992 година за Чарлс Азјак и со него има две ќерки.
Во 2008 година имала повреда во текот на снимањето на филм во Канада, поради што еден дел од лицето наредните шест месеци и бил парализиран.
Со што се занимава?
Таа во 2003 година се обиде да направи сопствено шоу на телевизија , но истото помина безуспешно. Во 2010 година се појави во серијата „Опасни умови“. Во меѓувреме почна да се занимава со политика, а истото го работи и денес.