Отпадите за стари автомобили се прилично депресивно место, со оглед дека се „збиралиште“ на автомобили кои се во лоша состојба и веќе не се во возна состојба. Но, во Дубаи ваквите локации добиваат посебно депресивни размери, со оглед на тоа какви автомобили се водат во престолнината на луксузот.
На пример, веројатно само таму можете да видите полураспаднато Ferrari 458 Italia, а веднаш зад него – Lamborghini Hurracan. Боли и глетката на новото Ferrari 812 Superfast, кое очигледно исто така не е бесмртно. Ќе видите и купишта Rolls-Royce-ови, Maserati-ja, Porsche-a и, секако, многу, многу Mercedes-и.