Како и дали може да ги победите стриите?

Секој кој за кратко време нагло ослабел или се здебелил се соочил со стриите, чест проблем што ги мачи речиси сите жени.

Стриите се оштетување на сврзното ткиво, а за нивна појава влијаат гените, растегливоста на кожата како и тоа колку е снабдена со колаген и витамин Е. Ова се најчестите митови во врска со оваа несакана појава:

1. Само бремените жени може да имаат стрии

Лага – стриите се јавуваат и кај мажите и кај жените ако нагло ослабат или се здебелат.

LaserStriaeWeiss

2. Стриите може да се спречат

Ризикот од настанување на стриите ќе го намалите единствено ако внимавате на исхраната и ги држите килограмите под контрола. Радикалните промени на тежината секако ќе доведат до појава на стрии.

3. Кога ќе ослабете, стриите ќе исчезнат

Во некои случаи ова е точно, но кога стриите еднаш ќе се појават, големи се шансите за нивна повторна појава затоа што растегнатата кожа тешко се враќа во првобитната состојба.

4. Тинјџерите немаат стрии

1280px-1dayStretchMarks

Токму во таа возраст појавата на стрии е зачестена, а најчесто е предизвикана од наглото растење. Меѓутоа, децата се се уште во развој, па нивните стрии може да избледат побрзо отколку кај постарите.

Како да ги победите стриите?

За жал не можеме целосно да ги отстраниме, но можно е да ги намалиме и да влијаеме да не настанат нови.

Витамин Е – исклучително важен за здравјето на кожата, а најдобар извор на овој драгоцен витамин се интегрални житарки, бадеми, кикирики, растителни масла. Може да се консултирате со лекар за користење на суплементи во облик на капсули што содржат витамин Е.

male-stretch-marks1

Креми и лосиони – помагаат за регенерација на кожата. Во рана фаза, стриите може да се минимизираат со хидратантни креми. Најефикасен е ретинол-А, кој и помага на кожата да создаде нови здрави ќелии.

Ласерска терапија – делува ако стриите се млади, односно ако штотуку настанале. Овој современ третман ќе ги избледе стриите, а потребни се серија од десетина третмани.

- Реклама -