Како гледањето на порнографски филмови влијае на вашата врска?

Вашиот партнер сака да гледа порнографски филмови на интернет? Дали е тоа вообичаена работа која ја прават сите мажи, или причина за загриженост? Докторот Фил Макгроу, американски психолог, го сподели неговиот став со јавноста:

1. Ова однесување не е воопшто во ред

– Не само што порнографските филмови влијаат врз вашата врска, туку и се еден вид на навреда, нелојалност – и да, на некој начин и тоа претставува неверство. Ако вашата партнерка не се чувствува пријатно со ова сознание за вас, тогаш престанете со тоа. Не е ниту здраво, ниту природно, ниту нормално, вели тој.

2. Не е реалност

– Порнографијата е фантазија. Актерите не се реални карактери. Нема интимност, нема љубов, нема чувства ниту пак некаква природна приказна. Тоа е едноставно индустрија, шминка, добар агол, светла, силикон, силикон, силикон… Вашата партнерка немојте никогаш да ја споредувате со вашите фантазии..

72371_profimedia0010759112_630x0

3. Тоа е експлоатирање

– Вие гледате нечии деца, ќерки, синови, кои поради непознати причини (најчесто лошо детство, погрешно влијание и сл.) тргнале по погрешен пат. Тие се обезвреднуваат себеси, се продаваат, се понижуваат, порачал доктор Фил.

4. Овие филмови ја отвораат вратата на неверството

– Гледањето на порнографски содржини на интернет е само чекор кој ве воведува кон копнежот кон поинаков партнер од моменталниот. Иако не можете јасно да го забележите ова веднаш, сепак, со текот на времето ваквото влијание значително може да придонесе до негативни вибрации и незадоволство во вашата моментална врска.

- Реклама -