Шкотска е дом на многу познати „фаци“- како тие гласаа на референдумот?
Шкотска е дом на многу познати лица, а некои од нив преку социјалните мрежи го изјавија своето мислење за референдумот.
Актерот Расел Бренд на својот Твитер профил објавил фотографија покрај големиот знак „Да“, и со тоа на сите им даде до знаење кој е неговиот став.
Енди Мареј, познатиот шкотски тенисер, сепак го задржал мислењето за себеси, но ја истакнал важноста за учество во изборите.
Џ.К. Роулинг, авторка на серијалот за момчето волшебник Хери Потер, исто така била активна на социјалните мрежи. „Главата вели едно, а срцето друго“, напишала таа.
Актерот Хју Грант со своите фанови го споделил својот став.
Џејмс Мекавој своето мислење го кажал во списанието The Wall Street Journalu, пишува Mirror.
„Ќе останам со својата земја како и да се одлучи. Сепак, се надевам дека Шкотска ќе го послуша своето срце, а не она што политичарите го наметнуваат“, изјавил тој.