Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и татко на психоанализата ни остави генијални мудрости и изреки за сите времиња.
Меѓу нив е и лекцијата која секој треба да ја запомне – како да препознаете глупави луѓе?
“Првиот знак за глупав човек е потполното отсуство на срам”, рекол Фројд.
Значи, кога ќе наидете на ситуација да ви е срам поради нечие туѓо однесување или изјава, или се чудите на нечии луди постапки, тогаш знаете со кој си имате работа.
„Ако вас не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте! Не е проблемот во вас, во нив е! Немојте поради тоа да ги спуштате вашите критериуми и да правите се што тие ќе посакаат, па да се правите кловн. Верувајте дека во еден момент ќе ве искористат, тоа е скриено во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст, тие земаат цела рака“ – рекол тој.
„Ако не ви веруваат немојте да се докажувате и да се правдате за тоа што го работите, како го работите и зошто го работите. Кога не сакаат да веруваат, нема ни потоа. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Доволно е да останете верни на себе си и покрај се’ и ќе видете како работите после некое време ќе се променат. Но, не очекувајте промена преку ноќ“ – велел Фројд.