Како Фејсбук го освојува светот?

Аналитичарот на RBC Capital Markets, Марк Махони неодамна ги претстави прогнозите за Facebook во наредните 2-3 години, според кои Фејсбук речиси сосема ќе го покори светот на глобалната интернет мрежа.

facebook-app-iphone-hed-2013_0

Ако се остварат прогнозите, компанијата основана од Марк Закерберг во студентскиот дом во Харвард, ќе има над 2,1 милијарди корисници и приходи од над 45 милијарди долари по само неколку години. Очекувањата за 2015 година се дека компанијата ќе направи 17,5 милијарди долари приходи и 2.19 долари заработка по акција. Веќе следната, 2016 година – социјалната мрежа ќе објави 25.1 милијарди долари приход и профит од 3.05 долари по акција. Резултатите за 2017 и 2018 година ќе бидат уште подобри, смета Махони. Тој предвидува 34.2 милијарди долари и 45.5 милијарди долари приходи за овие две години и респективно 4.11 и 5.40 долари по акција профит.

Според анкетите, вкупно 56% од компаниите планираат да ги зголемат своите буџети на Facebook следната година. Facebook сепак се состои и од други платформи како WhatsApp, Instagram и други, кои заедно со 1.5 милијарди лица на социјалната мрежа, можат да ги надминат вкупните 2 милијарди корисници ширум светот. Со неговите 1.5 милијарди корисници денес Facebook всушност е поголем и од Кина.

Во 2018 година приходите на Facebook ќе бидат повисоки и од оние на Google.

Можности за следните години:

1. Instagram

Facebook го купи Instagram во август 2012 година за сума од 715 милиони долари во кеш и акции. Прогнозата за 2016 година е дека апликацијата ќе генерира приходи од над 2 милијарди долари. Денес Instagram има над 400 милиони активни корисници.

 2. Видео

Уште кога се воведе опцијата за прикачување на видеа на Фејсбук, се знаеше дека со тоа „ќе ги залепат“ компаниите кои сакаат да се рекламираат преку видео материјал. Дневно на Facebook денес се гледаат околу 8 милијарди видеа.

3. WhatsApp и Facebook Messenger

Двете апликации денес имаат околу 900 и 600 милиони корисници. И додека Facebook Messenger е нивни проект, WhatsApp беше купен за 19 милијарди долари во кеш, плус акции.

Очекувањата за Facebook Messenger се дека во 2017 година ќе генерира приходи од над 2,2 милијарди долари, со тоа што веќе ќе можеме да им испраќаме пари на пријателите онлајн.

4. Oculus

Според аналитичарите од PiperJaffray, виртуелната реалност ќе биде актуелна во следните 30 години, а Oculus ќе биде лидер во оваа сфера. Тие го споредија пазарот со оној на мобилните телефони пред 15 години. Се очекува системот да биде пуштен за продажба во првиот квартал на 2016 година, а за целата следната година да се генерираат 400 милиони долари приходи.

Според долгорочните прогнози на аналитичарите, Facebook може да се обиде да побара и пазарен удел од LinkedIn, a згора на тоа од социјалната мрежа можат да пуштат и одделна апликација за вести преку кои останатите агрегатори за вести ќе станат непотребни. Компанијата исто така работи и на свој сопствен пребарувач, со кој ќе му се спротивстави на Google, а може да навлезе поагресивно и во онлајн трговијата, каде Amazon е неприкосновен лидер.

- Реклама -