Дебора Коган е мајка на 6 годишниот Лео. Едно утро пред 2 години, детето се разбудило со црвенило на лицето.
Дебора мислејќи дека е алергична реакција, не паничела но веднаш го однела Лео кај педијатарот. Додека седеле во чекалната за да го занимава детето, Дебора се фотографирала заедно со него и сликата ја постирала на својот Facebook профил.
Педијатарот направил тест за алергични реакции врз Лео. Си заминале дома но наредното утро детето добило температура. Во меѓувреме неколку пријатели коментирале на фотографијата прашувајќи што му е на детето, на што Дебора одговорила дека е алергија и не е ништо страшно. Го однела детето кај семејниот лекар кој заклучил дека можеби се работи за треска но не е сигурен во тоа. Дебора постирала фотографија од болното дете со цел да добие мислење од пријателите. За помалку од 3 часа добила повеќе од 20 коментари од загрижените пријатели кои прашувале дали е алергија, треска или нешто друго. Детето станувало се поомалаксано и „исушено“ во лицето па Дебора го фотографирала неколку пати за да му ги испрати сликите на докторот преку ММЅ, а дел од нив повторно постирала на Facebook верувајќи во себе дека некој од пријателите ќе ги препознае симптомите и ќе и помогне.
Неколку часа подоцна, телефонот на Дебора заѕвонел. Се јавила Стефани, поранешна соседка на Дебора која загрижено и објаснила дека нејзиниот син ги имал истите симптоми и бил хоспитализиран поради откриена „Кавасаки“, – многу ретка, авто-имуна болест која може да биде фатална ако не се третира навреме. И порачала веднаш да реагира бидејќи колку подолго чека, станува полошо.
Дебора се двоумела дали да и верува на Стефани и веднаш да го носи детето на Клиниката за инфективни болести или пак да почека до наредното утро. Тоа наредно утро се јавил педијатарот кој потврдил дека не се работи за алергија врз основа на направениот тест. Тогаш Дебора се јавила на роднината Емили(педијатар-кардиолог) која исто така ја видела фотографијата. Емили и кажала дека веднаш треба да реагираат бидејќи болеста ќе почне да го оштетува организмот најдоцна за пет дена после појавата на првите симптоми.
Дебора веднаш се јавила на семејниот лекар и му раскажала за сомнежите. Му раскажала за тоа како добила исто мислење два пати дека нејзиниот син нема алергија ниту треска, туку дека е болен од опасна авто-имуна болест. Се двоумела дали да верува во зборовите на пријателите или пак да не им придава важжност на Facebook коментарите. Сепак неможела да остане мирна и била подготвена да побрза кон болницата. Докторот и потврдил дека и тој размислувал дека Кавасаки болеста го нападнала црниот дроб и веднаш почнале со лекување на детето. По неколку седмици, Лео бил спасен од канџите на ужасната болест и тоа благодарение на постираните фотографии.
Браво, Facebook!
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk