Како древните Египќанки правеле тестови за бременост

Можеби нема да верувате, но пред неколку илјади години древните Египќани не само што имале природни лекови за многу болести, туку нашле и начин да направат тест за бременост во домовите.

Техниката е многу едноставна. Тие ставале зрно пченица и јачмен во некој сад. Тестираната жена требало да мокри во садот, да го покрие и да чека до следниот ден.

Ако зрната се из’ртени, тоа значело дека е трудна, а ако не се, тогаш не е. Дури и имале теорија дека зависно од тоа кои зрна биле из’ртени, би можело да се каже и полот на детето. Истражувачите уште во 60-тите години од минатиот век потврдиле дека овој тест е 70% точен, не многу помалку од модерните тестови за бременост, особено од оние поевтините. Кога станува збор за полот на детето, тие не пронашле поврзаност.

Древниот тест за бременост работи на истиот принцип како и модерниот – со забележување на хемиските промени што се присутни кај бремените жени.

- Реклама -