Ако во текот на зимските денови добивте килограм повеќе, еве неколку совети од нутриционистите како да го намалите стомакот.
Влакна
Храната која изобилува со влакна, овошјето и зеленчукот, е делотворна кога е во прашање намалувањето на масните наслаги од стомакот.
Јогурт
Дневно пијте по една чаша јогурт. Избегнувајте газирани и засладени сокови.
Вода
Стомакот всушност се дуе ако не внесувате доволно вода.
Лути пиперчиња
Колку вашиот метаболизам е побрз, толку побрзо ќе го намалите салото на стомакот. Истражувањата покажуваат дека лутите пиперчиња може да го забрзаат метаболизмот, така што може да ги додавате како прилог во разните оброци.
Протеини
Вашето тело не „работи“ на јаглени хидрати туку на протеини. Затоа наместо паста изедете пилешко.
Зелен чај
Две до три шолји зелен чај го забрзуваат метаболизмот за 4 до 10 отсто, благодарение на антиоксидансот што се вика ЕГЦГ.
Не јадете мрсна храна
Хамбургери, помфрит, пица – никако!Благодарение на оваа храна вашиот стомак само ќе расте.
Појадувајте
Луѓето кои појадуваат имаат помал апетит во текот на денот. И да изедете висококалоричен појадок, не грижете се затоа што ќе го согорите во текот на денот.
Вечерни навики
Кога ќе се разбудиме во три часот наутро често ја мешаме жедта со гладот.Наместо да го испразните фрижидерот, испијте чаша вода. Стомакот ќе ви биде благодарен.
Јадете почесто
Три средни оброци, плус две до три ужини дневно би требало да биде режимот до кој треба да се придржувате ако сакате рамен стомак.