Се надевавте дека вие ќе го добиете најавеното унапредување, но се разочаравте кога ги слушнавте резултатите. Сепак, не се откажувајте и немојте на ова да гледате како залудно трошење на времето, напротив, размислете каде погрешивте и сфатете го како една животна лекција која ќе ви помогне во понатамошните слични ситуации. А такви можности ве уверуваме, ќе имате пак.
Следува листа на десетте најчести грешки кои ги прават вработените. Иако можеби ние не ги забележуваме, сепак на нашите претпоставени не успеваат да им побегнат.
1.Неодговорност на работното место.
Иако мислевте дека се извлековте кога го излажавте вашиот шеф дека доцните на работа бидејќи имаше метеж на патот или пак дека извештајот не е готов бидејќи ви беше расипан компјутерот, сепак немојте да мислите дека тој ќе го заборави тоа така лесно. Ваквите изговори, веројатно ги има слушнато стотици пати, па дури и да се вистинити, нема да ви поверува. Затоа во иднина, обидете се да ги завршите вашите обврски и пред дадениот рок или пак излезете од дома 15 минути порано, па макар и да доаѓате на работа пред време. Верувајте дека ваквите промени ќе бидат забележани, дури и доколку не добиете признание за истите.
2. Не се трудевте доволно
Како што вие сте свесни дека вашиот капацитет и знаење беа доволни за да го добиете посакуваното унапредување, така и вашиот шеф беше свесен дека не го искористивте максимално потенцијалот кој го поседувате во извршувњето на работните обврски. Иако не секогаш задачите кои ги имаме, можеме да ги вршиме со задоволство, сепак секогаш треба да се потрудиме да ги направиме најдобро што умееме.
3. Недостаток на иницијатива
Да, иако сметаме дека нашите шефови сакаат кога ги слушаме наредбите на надредените, сепак многу повеќе би сакале кога вашите предлози и завршени обврски би ги правеле по сопствена иницијатива, без некој предходно да ни укаже на нив. Затоа во иднина, вашите ставови и идеи не ги чувајте само за себе. Тие се важен фактор во тимскиот дух на една работна средина и понекогаш можат да придонесат повеќе од што можете да замислите.
4. Помагајте и бидете корисен
Веројатно секој од нас досега бил во ситуација кога му била дадена задача која не е дел од неговата надлежност. Наместо да бараме изговори или пак уште полошо, да се расправаме за како “тоа не е наша работа”, најдете се корисен во ситуацијата и бидете човекот кој ќе помогне. Ваквите услуги порано или подоцна ќе бидат забележани и наградени.
5.Бидете колегијални
По малку поврзано со предходната ситуација, сепак, во оваа надополнуваме дека за здрава работна атмосфера и поголема продуктивност на работното место, соработката и согласувањето со колегите е неизбежна. Во спротивно, не само што престојот на работа ќе ви биде отежнат, туку и вашиот шеф прв ќе ги забележи несогласувањата.
6. Бидете воздржани
Додавањето на шефот на вашиот фејсбук профил е сосема непотребно. Трудете се вашата приватност да ја чувате подалеку од работното место. Импресиите од предходната бурна ноќ задржете ги за себе, во спротивно вашиот шеф може да добие впечаток дека тој ден би биле максимално непродуктивни.
7. Работа под притисок
Неочекувано се појавија еден куп работни задачи, а со времето бевте ограничени. Наместо да се демотивирате со мисли како “невозможно е да се сработи”, не паничете, обидете се да останете смирени и со целосна концентрација, ангажираност и умешност завршете ја задачата. Ќе бидете изненадени од сопствените можности а вашиот шеф ќе биде задоволен.
8. Бидете огранизирани.
Не дозволувајте купиштата на задачи да ја забават или блокираат вашата креативност и исполнителност. Направете си сопствена “to-do” листа, во која ќе ги подредите вашите работни задачи и секогаш водете забелешки за сработеното. Ваквиот начин на огранизација ќе прдонесе во вашата продуктивност и самодоверба.
9. Бидете позитивни
Иако во вашиот приватен живот не ви цветаат рози, сепак не дозволувајте вашите колеги и претпоставени да го почувствуваат тоа. Колку и да е тешко понекогаш, сепак на работа трудете се да ја задржите насмевката и да се фокусирате на работните обврски. Тоа не значи дека не треба да бидете искрени и отворени едноставно не дозволувајте вквите ситуации да завладеат со вас на места каде не треба. Сите уживаме во присуство на луѓе кои со себе шират позитивна енергија.
10. Бидете флексибилни
Прилагодете се на околината во која работите и бидете секогаш расположени за нови промени. Адаптирајте се на луѓето и просторот околу вас, бидејќи работната средина е место кое треба да ви биде пријатно и удобно.
Доколку се однесувате според наведените совети, ве уверуваме дека следната прилика со отворено унапредување ќе биде ваша. Десетте правила погоре даваат спој за работник кој секој шеф би го посакал во својата фирма. Следниот пат потрудете се повеќе и никогаш не се откажувајте. Вашата продуктивност сигурно ќе биде наградена.