Според Yahoo Health а и според резултатите добиени од истражувањето на универзитетот ,,New South Wales" во Сиднеј оние кои применуваат интервално вежбање трошат до 3 пати повеќе калории. Тие тврдат дека со додавање на дваесет минутен спринт за време на вашиот утрински џогинг можете да намалите голем дел од вашата тежина за само 15 недели. Друга позитивна страна е што со ваквиот тип на вежбање ќе го зајакнете срцето, а со тоа и ќе го олесните трчањето во иднина. Секако ова не е нова идеа, но доколку сте кратки со време, а сакате да извлечете максимум од вежбањето ова е вистинскиот избор. [Burn More Calories in Less Time]