Како до цврсти и убави гради

Доењето, секојдневната нега со хидратантни креми и хормонската терапија, имаат позитивно влијание на женските гради во процесот на стареењето. Истовремено, пушењето, алкохолот и бременоста, можат да го убрзаат стареењето на дојките, тврдат научниците.

За да имате убави гради морате да внимавате и на линијата, бидејќи индексот на телесната маса влијае на изгледот на вашето деколте, еднакво колку и градникот и неадекватната големина на корпите. Важна е и секојдневната нега со креми, која би ве довела до помладешки изглед.

Ова го заклучува истражувањето во кое учевствувале 161 пар близначки.

„Секој пар близначки одговарал на прашања за животните навики, како што се пушењето, алкохолот, број на бременост, градник, спортски навики, хормонски терапии, хидратација и излегување на сонце. Се испостави дека изгледот на градите, еднакво како здравствената состојба, е важен за целосното здравје на жената“, изјавил др, Хуман Т. Солтониан кој објаснил дека близначките имаат исти грани, но поради околностите се менуваат со текот на годините.

- Реклама -