Со милиони долари на својата банкарска сметка и фотографии што ги полнат насловните, Ким Кардашиан е една од најпознатите личности на денешницата.
Како и успеа на Ким, жена без професија и макар еден талент, да стане една од најпознатите луѓе во светот и да заработи 40 милиони долари? Само затоа што е бремена, Ким оваа година би можела да заработи 16 милиони долари. Познатите козметички куќи се натпреваруваат кој ќе ја ангажира старлетата како заштитно лице за нивните линии за трудници, а понуди и стигнуваат и од други страни. Иако не е ниту актерка, ниту пејачка, Ким Кардашиан успеа од своето име да направи бренд и да заработи милиони.
Многу забораваат на нејзините почетоци на „кариерата“ благодарение на кои се збогати без никаква основа. Светските медиуми за Ким првпат слушнаа кога на Интернет се појави нејзино домашно порно видео со тогашното момче Реј Џеј. Нејзиното семејство реши да ја тужи прдуцентската куќа што го купи видеото и што го дистрибуираше, но набрзо се спогодија зад затворени врати. Колку пари земала Ким за да се откаже од тужбата уште не е познато.
И ден денес се верува дека Ким, која веќе тогаш почна да се дружи со личности од црвениот килим, сама го пласирала видеото надевајќи се на слава. И и успеа. Истата година, 2007, почна да се емитува реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians” чија гледаност вртоглаво расте. Новинарите беа воодушевени од појавувањето на нова старлета на естрадното небо, особено затоа што тогаш популарната Парис Хилтон им здодеа. Инаку токму Парис е првата личност со која Ким за првпат се појави на црвениот килим. Тие беа другарки и пред Ким да стане позната.
Ким Кардашиан претставуваше вистинско освежување на ТВ екраните, кое многумина го споредуваат со моментот кога DVD ги замени VHS касетите.
Благодарение на реалното шоу кое го регистрира секој момент од животот на семејството Кардашиан, нивното богатство до 2011 година се зголемило на 65 милиони долари.
Додека Парис беше „лошата богата девојка“ Ким беше „добрата богата девојка“. Таа не се појавуваше во клубови и не пиеше до зори, што им се допадна на фановите.
Денес Ким води сопствена модна линија „DASH“, има парфем со своето име и линија производи за слабеење „QuickTrim”. Освен „Keeping Up with the Kardashians“, Ким се појавува и во „Kourtney and Kim Take New York“ и „Kourtney and Kim Take Miami“, како и други играни серии. Нејзиното лично богатство се проценува на повеќе од 40 милиони долари.