Како да знаете дека ТАА глуми оргазам?

Неколку различни студии утврдија дека дури 70 проценти од жените глумат оргазам во еден момент од нивниот сексуален живот. Некои жени глумат оргазам редовно, а некои од време на време. Мажи, како да препознаете кога вашата партнерка глуми оргазам?

Психологијата зад глумењето оргазам е едноставна: жената во текот на сексот знае дали ќе доживее оргазам или не. Ако не може, едноставно не сака партнерот да се измори во настојувањето да ја задоволи и да се извинува за неуспехот или пак сака да избегне партнерот да се чувствува лошо затоа што не успеал да ја задоволи. Ако сакате да дознаете дали вашата партнерка глуми оргазми, треба да научите да ги заблежувате овие мали знаци:

1. Забрзано дишење и забрзана работа на срцето

orgazam (1)

Слушајте го нејзиното дишење во текот на сексот, кога ќе стане отежнато, ќе знаете дека сте на вистинскиот пат. Оние кои глумат најверојатно ќе стенкаат и воздивнуваат, но ритамот на дишење ќе им остане непроменет. Освен тоа, знак дека ќе доживее оргазам е и нејзиното срце кое забрзано чука.

2. Раширени зеници

Раширените зеници се уште еден очигледен знак дека партнерката ќе доживее оргазам. Иако ова е тешко да се забележи во темница, се што треба да направите е да ја замолите да ве погледне во очи пред оргазмот. На овој романтичен гест нема да може да одолее, а едноствен поглед во нејзините очи ќе ви открие дали глуми.

3. Црвени усни

sex_main_1638404a

Пред да доживее оргазам нејзините усни малку ќе зацрвенеат. Имено, во текот на сексот и пред оргазмот усните благо набубруваат и добиваат црвена боја. Но, бидете внимателни при бакнувањето кое исто така може да ги направи усните поцрвени и набубрени. Бакнувајте ја нежно и набљудувајте и ги усните во текот на сексот – тие ќе ви ја откријат вистината.

4. Грчење на вагиналните мускули

Грчењето на мускулите е најголем индикатор од сите затоа што не може да се сокрие ниту да се одглуми. Во текот на оргазмот жената доживува меѓу три и десет вагинални грчеви, а првите неколку се со најголем интензитет. Тие грчеви го стегаат пенисот, а тоа чувство ретко кој може да го игнорира.

woman_orgasm5. Неочекувано потење

Ако почувствувате дека партнерката неочекувано за време на сексот почне да се поти, тоа значи дека е на врвот на напнатоста и дека мускулите и работат со полна пареа – нејзиното дишење, брзината на отчукување на срцето и крвниот притисок се на зголемено ниво.

6. Знаци на телото

Секоја жена се разликува. Некои во моментот на оргазмот ги виткаат грбот или ги грчат ножните прсти, неконтролирано ги движат екстремитетите или пак имаат неконтролирани изрази на лицето. Освен тоа, брадавиците ќе и се испупчат, а образите и вратот би требало да и се зацрвенат.

7. Посторгазмичен сјај

Многу е важно да видите што прави партнерката по сексот. Станува веднаш од кревет или се заклучува во купатило? Хемиската реакција на оргазмот на нејзиното тело ќе му даде блескав сјај кој се гледа и во нејзиниот поглед, а ако уживала во сексот можеби ќе лежи до вас уште малку и ќе ужива во тоа чувство.

8. Хиперсензитивност

Веднаш по оргазмот клиторисот на жената е многу чувствителен, па ако по оргазмот не го забави темпото или не престане со акцијата, тогаш глуми.

9. Разговор на минимум

Couple-making-love-002

Живиот разговор и долгите реченици по сексот се индикатор дека одглумила оргазам. По вистинското уживање во сексот телото ќе и бара одмор и нема да биде расположена за разговор.

- Реклама -