Постојат т.н. „трикови“, со чија што помош можете да заштедите пари при купување на авионски билети.
Букирајте со месеци однапред
Ако имате можност резервирајте најмалку 8 месеци однапред. Тогаш сигурно ќе најдете билети по поволни цени, а и ќе има и слободни места, од кои можете да изберете, особено ако патувате со дете или со најблиските, па нема да имате потреба да седите на различни седишта.
…или купете во последен момент
Ако сакате да ги правите работите во последен момент, тогаш имате среќа и можете да си најдете билети по навистина добри цени. Единствениот проблем е со местата, можно е да нема соседни слободни места, но ако не станува збор за долг лет, тоа не е проблем.
Патувајте во вистинскиот момент од годината
Логично е дека во текот на летото и попрецизно во неговиот ек – во август и на крајот на јули, билетите се најскапи. Најдоброто време за резервација е наутро или на пладне, во средината на неделата, додека вечерта се најскапи.
Споредете ги добро цените
Споредете ги цените на различни авиокомпании добро. Неопходно е да издвоите потребното време за тоа. Само така ќе разберете која нуди најдобри цени, во комбинација со услуги и добра храна.
Регистрирајте се на сајтовите на low cost компании, за да добивате ексклузивни понуди со попуст
Скоро секој месец, low cost компаниите пуштаат намалувања на цените на билетите.