Како да се справите со воспалените мускули

Имавте напорен тренинг, и потоа два дена не можевте да се поместите од креветот? Не се грижете, воспалените мускули се навистина честа појава кај луѓето кои не се навикнати да вежбаат, а понекогаш дури и кај оние кои тоа секојдневно го практикуваат.

За среќа, постојат одредени работи кои можат да ви ги ублажат болките.

Најлошо што можете да направите е токму она по што повеќето веднаш посегнуваат, а тоа е земањето анестетици. Имено, така ќе ги ублажите болките, но ќе го забавите процесот на опоравување на мускулите. Тоа значи дека ќе го заобиколите болниот процес, но мускулот и понатаму ќе остане оштетен.

416906078537f4ed21ec63527069597_orig

Наместо апчиња, користете ладни облоги кои ја убрзуваат дренажата. Истовремено, процесот на воспаление можете да го олесните и со правилна исхрана. Ананас, јаболки, цреши, папаја, ореви, рибино масло и ѓумбир се одлични намирници за олеснувањето на болките.

Освен храната и оброците, за време на воспалението експертите препорачуваат и внесување на магнезиум, мелатонин или витамин Д во организмот.

И на крај, она што ретко кој го практикува на крајот од тренингот – истегнување. Така ќе ја подобрите циркулацијата и ќе го забрзате процесот на опоравување.

- Реклама -