Дедо/пријател/другар веројатно ви раскажувал како некој таму некогаш бил нападнат од волк, ама се одбранил така што му ја бутнал раката во гркланот и го задушил. Дури и да е така, општо правило е дека да преживееш со две читави раце е подобро отколку да преживееш со една читава рака. Затоа, еве една корисна информација: Никој не може да биде опасен додека го шутираат во јајца.
Ако случајно се најдевте лице в лице со волк, можеше и да не ви текне да се браните како што би се бранеле во секоја улична тепачка. Ама сега видеово ќе ви се паркира некаде во подлабоката потсвесна меморија и инстинктите самите ќе ја употребат информацијата ако некогаш се најдете во таква ситуација.
Повелете и другпат.