Како да се нашминкате ако носите очила?

Со овие совети за шминка, очилата нема да ви пречат да ги истакнете своите очи.

Раздвижете ја својата make up рутина

Носењето на очила бара посебен начин на шминкање, особено ако сакате големи рамки кои ги „фрлаат“ вашите очи во втор план. Следете ги овие неколку златни правила и очилата со диоптер ќе станат вашиот асесоар за привлекување на машки погледи.

Истакнете ги образите

Големите очила (кои во моментов се во тренд) многу често ги прикриваат образите. За да ги истакнете ставете руменило.

Тен

Спречете очилата да ви се лизгаат по носот, така што после воедначувањето на тенот со течна пудра на T зоната, ќе нанесете малку пудра во прав.

Сокријте ги подочниците

Темните подочници стануваат уште повпечатливи кога носите очила. Коректорот со рефлектирачки честички кои ја прелеваат светлоста многу лесно го „бришат“ овој проблем.

Нагласете ги трепките

Свиткајте ги трепките за да не го допираат стаклото од очилата. Потоа нанесете два слоја црн римел за уште повеќе да го отворите погледот.

- Реклама -