Како да се изборите против лошиот здив

loshzdiv_pАко имате проблеми со здивот, еве неколку едноставни и применливи
решенија, освен ако не станува збор за сериозен здравствен проблем за
кој сепак ви е потребна стручна помош.


loshzdivАко имате проблеми со здивот, еве неколку едноставни и применливи решенија, освен ако не станува збор за сериозен здравствен проблем за кој сепак ви е потребна стручна помош.

Одреден вид овошје и незасладен јогурт не се само ефективни кај отстранувањето на лошиот здив, туку можат и да го спречат.

Половина филџан јогурт го намалува нивото на хидроген-сулфидот (кој е причината за непријатниот здив) во устата. Бобинките и дињата, портокалот, кивито и сето останато овошје богато со витамин Ц, исто така ги отстранува бактериите од овој вид.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Крцкавите круши и моркови се исто така делотворни. Голем удел имаат влакната кои во комбинација со плунката ефективно ги отстрануваат честичките. Секако тука е и јаболката која како чистач на забите и освежувач на здивот го зазема првото место. Затоа започнете го и завршете го денот со јогурт и овошје!

виа.

- Реклама -