Како да работиш од дома кога работиш од дома

g.jpg Во поново време, со развојот на технологијата, се поголем број на луѓе својата работа ја работат од дома. Предностите се во тоа што нема потреба од патувања, заглавување низ сообраќајните метежи, без некој „да ти виси“ над глава…

Во поново време, со развојот на технологијата, се поголем број на луѓе својата работа ја работат од дома. Предностите се во тоа што нема потреба од патувања, заглавување низ сообраќајните метежи, без некој „да ти виси“ над глава…

img_0633.jpgНо, исто така, по одреден период тоа може да стане и недостаток.
Со тек на време започнува потребата од излегување од дома и физичка комуникација со колегите.
За да се ублажи целата таа болка, ви претставуваме неколку начини како, повторно, да започнете да се чувствувате како “на работа“.

1. Одредете ваш работен простор. Доколку немате можност за ваша сопствена соба која би ви била вашето работно место, тогаш потрудете се сите предмети кои што можат да ви го одвлечат вниманието да преместете во друга соба или во визбата или гаражата. Како најопасни се издвојуваат: Play Station или Xbox, a и телевизор воопшто.

2. Направете атмосфера дека заминувате на работа. Појадете, испијте го кафето и облечете сериозна облека. Во никој случај, не седнувајте пред компјутер по пижами, колку и да сте закаснале.

3. Бидете сами. Кажете им на сите дека вие сте на работа. Доколку имате деца, пуштете ги во градинка или кај бабата. На работно место не е дозволено да се носат деца.

4. Направете распоред на работата. Немојте да започнете со помислата дека целиот ден е пред вас. Креирајте си работно време. Пр. почеток на работата во 08:00, пауза од 11:00 до 12:00, а потоа назад на работа до 16 часот.

5. Кога по цел ден работите дома и на компјутер, e-mail, Skype или некој messenger, ви се единствениот контакт со надворешниот свет. Затоа, за да бидете поефективни во работата, направете распоред и за нив, бидејќи знаат да бидат доста опасни.

- Реклама -