Како да препознаете давеник

ДавеникВо периодот на одмори, кога најголем дел од нас заминуваат на море, езеро или покрај реки, можно е да се соочите со несреќен случај во кој некој ќе започне да се дави. Давеници воопшто не се однесуваат како што тоа е прикажано во филмовите, затоа, еве неколку совети како да препознаете давеници.

Во периодот на одмори, кога најголем дел од нас заминуваат на море, езеро или покрај реки, можно е да се соочите со несреќен случај во кој некој ќе започне да се дави. Давеници воопшто не се однесуваат како што тоа е прикажано во филмовите, затоа, еве неколку совети како да препознаете давеници.

ДавеникДавениците не се однесуваат како во филмовите:

1. Освен во многу ретки случаи, давениците физиолошки се оневозможени да побараат помош. Говорот е секундарна функција на респираторниот систем, па кога човекот не е во можност да земе здив, многу малку е веројатно дека ќе може да викне – помош!

2. Давениците не мафтаат со рацете. При давење, инстинктот ве наведува да ги поставите рацете паралелно со водата и со нивна помош да се подигнете за да земете здив. Во таква ситуација, последно нешто што ќе ви дојде на умот е да мафтате во холивудски стил.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

3. При давење, функцијата на екстремитетите често не е во ваша контрола. Затоа давениците тешко (или воопшто не) успеваат да повикаат помош со рацете, да посегнат по спасувачот или опремата за спасување.

4. Луѓето што се дават обично не можат да се одржат на површината на водата подолго од 20 секунди до 1 минута доколку некој не се вмеша во нивното спасување.

Знаци според кои можете да препознаете давеник:

– Главата им е ниско до водата, устата на нивото на водата;
– Главата е навалена наназад, устата отворена;
– Погледот им е празен и не можат да го фокусираат;
– Очите им се затворени;
– Косата им е префрлена преку челото и очите;
– Не ги користат нозете;
– Хипервентилираат или се борат за здив;
– Се обидуваат да пливаат во некоја насока, но всушност стојат во место;
– Се обидуваат да се превртат на грбот.

[Drowning Doesn’t Look Like Drowning]

- Реклама -