Како да препознаете дали некој имал секс

Дали сте знаеле дека по начинот на кој одите по улица или канцеларија може да се каже дали сте имале секс? Научниците дошле до сознание дека вагиналниот оргазам предизвикува забележливи промени во начинот на кој жените одат.

Во една од многуте студии, искусните сексолози со точност од 81 процент знаеле која жена имала доживеано оргазам по начинот на одење, пишуваат светските медиуми.

Но, тоа не е единствениот знак кој открива дали сте доживеале оргазам.

„Активен“ крвоток: Постои добра причина зошто после сексот некои имаат црвенило во лицето и зошто го имаат оној сјај поради кој изгледаат посветли од вообичаено- зголемениот проток на крв! Покрај тоа, жената која штотуку имала секс и доживеала оргазам зрачи на посебен начин, а тоа неможе да го пропушти професионалното око.

Оној посебен израз на лицето: Го знаете оној посебен израз на лицето што оддава задоволство и среќа? Тоа е израз на лице на жена која штотуку имала секс. Постои тајна поради која остатокот од денот ќе има чуство на исполнетост. Бидејќи никој не е среќен како некој што имал секс со среќен крај!

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Материјални докази: Постои можност дека после сексот на вас да останат и трагови, материјален доказ, особено ако не сте користеле презерватив. Тоа и не е убав начин некој да познае дека сте имале секс. Можеби ова звучи чудно, но се е можно ако не внимавате.

Ништо нема да ми го расипе денот: Неверојатното лесно и убаво расположение е исто така знак кој открива дека еден човек штотуку имал секс, и го достигнал врвот. По сексот во телото се ослободува ендорфин, што уште повеќе влијае врз расположението. Тоа се моменти кога сте добро расположени и ви се чини дека ништо неможе да ви го расипе денот.

- Реклама -