Како да прeфрлите сликите и видеото од iPhone на Android

Мигрирањето на направената содржина од камерата на iPhone смартфоните кон Android – слики или видео, не е многу тешко и може да се направи за неколку минути. Зачувајте ги своите спомени преку ова лесно упатство.

Постојат неколку методи да ја завршите оваа задача, но ние ќе ви овозможиме многу лесен – потребни ви се само уредите и компјутер, како и каблите за поврзување. Не заборавајте дека iPhone користат различен од стандардниот microUSB кабел. Ова упатство е прилагодено за работа со Windows оперативни системи.

1. Контакт iPhone со компјутерот преку USB кабел.

2. Отворете My Computer и лоцирајте ја иконата со iPhone, притиснете со десното копче врз неа. Изберете ја опцијата Import Pictures and Videos од менито. Потоа  ќе започне програмата, која  ги вади сликите и видеото од смартфонот и ги внесува во компјутер.

3. Откако ќе заврши скенирањето, потврдете со притискање на копчето Import. Папката каде што се чуваат информациите по дифолт, е My Pictures.

По овие три чекори можете да го исклучите смартфонот од компјутерот. Сега е време да ја префрлите извадената содржина од компјутерот и да ја преместите на Android уред преку следниве чекори:

1. Поврзете го Android уредот со компјутерот користејќи USB кабел.

2. Отворете ја меморијата на уредот од вашиот прелистувач датотека. Најдете ја папката каде што се зачувуваат сликите, таа обично е означена како DCIM. Ако сакате, можете да креирате посебна папка за вашите внесени iPhone слики.

3. Отворете ја My Pictures папката на вашиот компјутер и копирајте ги сликите и видеото во новата папка што ја создадовте.

Готово.

dcim-420x236

 

- Реклама -