Во Италија, подготвувањето и уживањето во кафето се свет ритуал, начин на живот. Сепак, во зависност од тоа во кој од 20-те региони и 8-те илјади градови по целиот Апенински полуостров живеете или ги посетувате, ќе наидете на бројни финеси околу обавувањето на тој ритуал.
На пример, кафето во Венеција главно е со полн вкус и ароматично, со ноти на ориентален мирис на ванила. Во Милано, кафето е лесно и нежно, а во Пиемонт и Лигурија е посирово и понерафинирано.
Ако сте затекнати во Трст и посакувате да мафнете едно еспресо, магичниот збор е „неро“. „Капо“ е макијато, т.е. еспресо со малку пенливо млеко.
Во Милано се пие „марокино“ – во основа е еспресо со млеко, но со додаток на какао. Во Торино се вика „бицерин“, а во Апулија најдобро е порачате „еспресино“.
Во Наполи еспресото е исклучиво многу ценето, а најпопуларното и најбараното е краткото и силно еспресо.
За да нарачате кафе како Италијанец, треба да имате на ум дека кафињата со млеко, како капучино, кафе лате и макијато, се резервирани за утринските часови. Ако ги нарачате попладне, може и да ви се изнасмеат (зад грб или во лице, сеедно). Исто така, кафе не се пие во текот или по оброкот.
Италијаните шмркаат еспресо набрзинка, најчесто „од нога“, а ако одлучите да седнете, ќе го платите прилично поскапо.
Пократко од еспресото е „ристрето“, а „лунго“ или „американо“ е подолго. Сепак, имајте предвид дека американото не е толку благо како американските кафиња, а има и многу помалку вода во сооднос со количината кафе.
За побрз рестарт после непроспана ноќ, препорачливо е да мавнете „допио“, т.е. дупло еспресо.
Лате макијато е млеко во кое се додава еспресо, а за подготовка се користат истите состојки како за кафе лате. Меѓутоа, се разликуваат на изглед. Лате макијато се служи во висока чаша, а се подготвува така што јасно да се видливи разните слоеви.